Intel ќе ја претстави деветтата генерација процесори за лаптопи на CES 2019

од Vlatko K
103 прегледи

Intel веќе ги претставија првите десктоп процесори од деветта генерација, а најбрзиот чип од
серијата е моќниот Core i9- 990K. Сите ние со нетрпение ја очекуваме премиерата и на процесорите
за лаптопи од последната генерација, кои ќе се користат во идните ултрабуци и хибриди.

Благодарение на податоците на Lenovо и претстојниот нивен IdeaPad S30, ние разбираме малку
повеќе за плановите на Intel. Информациите опфаќаат три нови архитектури, објави DigitalTrends.
Имињата на претстојните процесори се Intel Core i7-9550U, Core i5-9250U и Core i3-9130U кои се
развиени како наследници на Core i7-8565U, Core i5-8265U и Core i3-8145U во портфолиото на
компанијата.

Присуството на буквата „U“ значи дека потрошувачката на енергија е предност на
моделите. Многу е веројатно претстојниот Lenovo IdeaPad S30 да може да се конфигурира од
корисниците и со трите нови процесори. Нивните технички спецификации не се познати.

Официјалното лансирање на деветтата генерација на процесори ќе стане реалност на настанот CES
2019, кој ќе се одржи од 8-11 јануари. Тогаш ќе ги видиме првите уреди на водечките
производители, како Lenovo, HP и Dell, кои ќе бидат достапни на пазарот до крајот на првите три
месеци од следната година.

Новата платформа ќе биде важна за Intel, која ќе се соочи со уште
посериозна конкуренција од AMD во 2019 година.