Чувар почина на работното место, прегазен пешак

од desk2
144 прегледи

На крстосницата од улица „Борис Трајковски“ и улица „Народни херои“ во Скопје вчера околу пладне А.Б.(29) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот В.К. (74) од Скопје.

В.К. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера околу 13 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека пред чуварницата на рудник „Ржаново“ пронајден е починат чуварот М.С. (61) од Кавадарци.

Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.