Ако се прашува Елон Маск, би работеле по 80 часа неделно

од desk2
78 прегледи

Елон Маск повторно го привлече вниманието на Twitter. Овојпат, напиша дека ако сакаме да го промениме светот, треба да работиме по 80 часа неделно.

Зборувајќи за компаниите кои ги води Тесла, Спејс Икс, Боринг Компани и Неуралинк, Макс напомена : „Знам дека е полесно да се работи на некои други места, но никој до сега не го променил светот работејќи по 40 часа неделно“.

Кога го прашаа колку часа работа е потребно за такво нешто одговор: „Зависи од човек до човек, но би било доволно 80 часа. Понекогаш и 100. Чувството за тежината на работата експоненцијално се зголемува по 80 часа работа неделно„.

Елон Маск, инаку, овој месец за техничкиот портал Recode опиша дека работи по околу 120 часа неделно, а дека вработените во тесла знаеле оваа година да останат и по 100 часа на работа кога излегувал автомобилот Модел 3. Рече дека и Тесла не би преживеала на пазарот ако не се работи толку мнгоу.

Некои вработени во тесла велат дека навистина премногу работат, а на некои им одговара да бидат и по 70 часа на работа.