Могерини со премиерите од Западен Балкан во Брисел

од desk2
82 прегледи

Шефицата за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, планира да оствари средба со премиерите на Западен Балкан во втората половина на декември, пишува агенцијата „Танјуг“ повикувајќи се свои извори.

Како што се додава во написот, Могерини планира да организира состанок за премиерите на Западен Балкан, пред празничната пауза во Брисел.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, состанок од ваков вид со претседателите на владите на шесте држави од Западен Балкан организираше и минатата година. Состанокот се одржа во Брисел.