Ericsson: 5G ќе се распространи побрзо од било кој друг мобилен стандард

од Vlatko K
82 прегледи

Мрежниот лидер Ericsson прогнозира дека 5G стандардот ќе се распространи побрзо од било кој
друг мобилен стандард за пренос на податоци во историјата.

Според шведската компанија, уште воc 2020 година новата генерација на мобилен интернет ќе навлезе масовно на пазарот благодарение на поефикасните смартфон чипови.

Појавата на 5G телефоните е само почеток на голема технолошка промена која ќе донесе и многу
предизвици.

Корисниците веќе пројавуваат интерес, производителите подготвуваат нови 5G уреди,
а мобилните оператори агресивно развиваат соодветна инфраструктура.

Благодарение на таа побарувачка и понуда, Ericsson верува дека кон крајот на 2024 година 5G врската ќе биде достапна
за 40 проценти од светското население – најбрзото наметнување на мобилен стандард во историјата, победувајќи го дури и LTE.

Ericsson очекува глобалниот 5G пазар да биде доминиран од уреди од просечната ценовна класа,
кои користат радиофреквенции под 6 GHz.

Компанијата предвидува и дека кон крајот на 2019 година на пазарот ќе има барем десет модели 5G смартфони.