Престојната надградба на Android верзијата на прелистувачот Chrome ќе додаде нова функција која
во голема мера ќе ја поедностави навигацијата за корисниците, пренесе 9to5google.com.

Се работи за управување со гестови. Особено, корисниците ќе можат да се префрлаат помеѓу
различни веб страни со едноставно поминување на прстот по екранот – лево или десно.
Таквата функционалност е позната на корисниците на iOS уредите.
За промената во Chrome за Android открива програмер од тимот на прелистувачот, но не е јасно кога ќе се појави надградбата.
Chrome неодамна беше ажуриран во согласност со концептот на материјалниот дизајн, како на
десктопот, така и во мобилната верзија.
Многу елементи на интерфејсот на прелистувачот середизајнирани и поедноставени, што го прави посвеж и полесен за употреба.