Русија да го почитува територијалниот интегритет на Украина

од Vlatko K
108 прегледи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш се надева дека меѓународната заедница може да помогне во решавањето на тензиите меѓу Русија и Украина поради Керченскиот Теснец.

Гутереш инсистира Русија да го почитува територијалниот интегритет на Украина и да го „избегне најлошото“.

Тој исто така се надева дека ситуацијата ќе помине без ескалација и повика на „смислен дијалог“.

Генералниот секретар на ОН имаше обраќање во пресрет на самитот на Г20 во Буенос Ајрес, каде инцидентот во Керченскиот Теснец веројатно ќе биде една од темите за кои ќе се разговара.

Руските сили на 25 ноември запленија три бродови на украинската морнарица во Керченскиот Теснец, меѓу Црното и Азовското Море, тврдејќи дека нелегално влегле во руски територијални води

Слични содржини