Голото женско тело има хипнотичка моќ над мажите. Кога жена ќе се соблече пред нив, забораваат на се друго. А што помислуваат… дознајте во текстот што следува.
Остани кул
Кога жена ќе се соблече пред маж, без разлика на тоа колку пати веќе ја видел таа глетка, се во неговото тело „здивува“. Се забрзуваат отчукувањата на срцето, крвта струи низ препоните, му се врти во главата и не може трезвено да размислува. Но, не сака да остави впечаток дека никогаш не видел гола жена, па си вели да остане смирен.
Конечно, можам да зјапам
За да се однесува цивилизирано и примерно, мажот ќе се труди да не зјапа во женските гради во јавност, особено ако некој може да ги фати на дело. Во канцеларија, теретана, на плажа, се трудат да држат контакт со очи во текот на разговорот. Но, кога некоја ќе се соблече пред нив, помислува дека сега иама дозвола да зјапа.
Требаше нешто да направам, зарем не?
Можеби треба да заврши некоја работа, или да набави нешто, но штом облеката падне на подот, сите планови на мажот се одложуваат.
Обиди се да издржиш
Мажите постигнуваат оргазам побрзо од жената што не значи само дека мора да се потрудат туку и да го одложат своето задоволство за задоволството на жената. Затоа понекогаш водат љубов во поспор ритам.
Кога само би знаел што сакам да направам
Не плашете се да го насочите малку. Нивната работа е многу полесна кога ќе им дадете повратна информација. Шепнете му на ува што сакате да ви прави.
Баш сум среќник
Мажите едноставно ги преплавува чувство на задоволство кога ќе видат гола жена.
Заради што би можела таа сега да се чувствува несигурно?
И мажите имаат свои несигурности, но и понатаму тешко ги разбираат женски кочници кога се маѓепсани од женското тело. Ако жената ги крие градите со рака, се крие под покривач и не може да се опушти, вистински маж ќе направи се за таа да се чувствува пријатно. Тие несигурности не им пречат на мажите, но подобро се чувствуваат кога жената гордо ќе застане пред нив.