Митко Јанчев: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е дволично, затоа политиките се погубни

од desk2
137 прегледи

Митрко Јанчев, актуелен градоначалник на Кавадарци, еден од ретките од ВМРО-ДПМНЕ на таа функција и неодамна разрешен од функцијата потпретседател на партијата, кој мината недела имаше средба со  премиерот Зоран Заев за гласањето за уставните измени, заедно со поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, вели дека медиуми лошо ја интерпретирале таа средба, во интервју за Вечер.

„Интерпретацијата на медиумите понекогаш е лоша. Мојата и помошта на Никола Тодоров е во насока кон предизвиците со кои се соочува Република Македонија. Помошта не е лична за г. Зоран Заев, единствено сме насочени кон тоа да не дозволиме Македонија да влезе во колапс како во 2001 година. ВМРО- ДПМНЕ треба да се стреми кон Македонија која ќе биде дел од западната алијанса и дел од европското семејство, таков е и мојот стремеж“, вели Јанчев.

Додава дека, неговата средба со премиерот Зоран Заев во ниту еден момент не била тајна, и дека и во минатото имале средби,а  ќе има и во иднина.

„Јас како член на ВМРО- ДПМНЕ ги поддржувам сите протести против недобрата политика на СДСМ. А спротивно од тоа никогаш нема да се приклучам на лажни протести кои се само сценарио за покривање на погубната политика и прикривање на дволичноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јанчев.

За релациите со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ откако беше разрешен од позицијата потпретседател, вели дека  тој е разрешен од функцијата потпретседател, но не е исклучен од партиските редови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту сум имал ниту ќе се обидувам да имам влијание на пратениците во однос на нивната одлука, се стремиме кон тоа секој сам да одлучува за своите постапки. Го осудувам начинот на кој беа натерани пратениците да го дадат својот глас, зошто мораше тоа да биде поединечно, со име и презиме, бараа ли начин за, на некој начин, ги обележат!?“, прашува тој.