Поранениот шеф на разузнавањето во судница кратко се консултираше со адвокатите а потоа стави очила и вниматлено го читаше решението за притвор, напишано на неколку страници.

Во делот на опасност од влијанието врз сведоци, според нашите извори, во решението за притвор стои и дека Мијалков ги дознал некои од сведоците на СЈО за „Империја“. Ги контактирал и им посочувал да не откриваат ништо пред обвинителите.
Дознаваме и дека во решението се наведува дека Мијаков како поранешен диркетор на УБК има врски со битни луѓе на битни позиции во земјава но и странство, како и дека знаел дека СЈО подготвува претреси за Империја. Се посочува и имотот на Мијалков и неговото семјство во земјава и во странство
Мијалков остана тивок и откако го прочита решението. Не се вклучи ниту во дискусијата што се водеше додека меѓу обвинителката Фатиме Фетаи и обвинетиот поранешен член на ДИК Бедредин Ибраими, кој себе си се нарече префекционалист, но се пожали дека судот му ги одбивал предлозите а новинарите се интересирале само да го снимат Мијалков.
Викендов на предлог на СЈО Кривичен му го укина притворот определен во предметот Таргет пред 10тина дена, но му определи нов притвор за истрагата „Империја“.
Адвокатите поднеле жалаба до Кривичниот совет. Комбето со кое Мијалков беше спроведен и денеска беше придружувано од три џипа со специјалци и беше внесен директно во гаражата за разлика од други притворнеици кои беа донесени само со затворска полиција и пеш од паркингот беа внесени во судската зграда.
Извор: телма