Михаил Младеновски, обвинетиот за упадот во Собранието на 27 април, кој со своето сведочење придонесе да биде притворен поранешниот началник на УБК, Владимир Атанасовски, како младинец бил член на СДСМ, а потоа преминал во ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Независен“.

Една година по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2007-ма Младеновски ги организирал протестите против државната матура, а во меѓувреме станал генерален секретар на подмладокот на СДСМ, позната како Социјалдемократска младина на Македонија. Но потоа почнал протести против партијата од која произлезе, односно против тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, и дека бил физички нападнат од негови блиски луѓе.
Протестира против Црвенковски кога овој повторно се враќа како претседател на СДСМ, а најавува и посебни листи за локалните избори во 2013-та спротивставувајќи се на бојкотот на локалните избори што се заговараше.Ја организирал акцијата „Денар за Бранко“ а откако беше објавена фотографија на која се гледа дека седи на кафе со функционери на ВМРО-ДПМНЕ заедно со синот на Сашо Мијалков и го обвинија дека соработувал со Унијата на млади сили на ВМРО–ДПМНЕ беше јасно дека тој веќе преминал во „непријателскиот“ табор.
Во прислушкуваните разговори, односно во т.н. „бомби“ предлага да се намести Андреј Жерновски, тогашен кандидат за градоначапник на општина Центар, така што ќе му се понуди поткуп и на тој начин да биде исфрлен од конкуренција.