Посна торта: Најсочниот десерт оваа зима

од desk2
446 прегледи

И посната торта може да биде многу вкусна и сочна

Костенот е богат со прехранбени влакна кои ги намалуваат маснотиите во крвта, а содржи многу малку калории. Тој може да биде идеален десерт за зимските денови, особено ако од него направите ваква торта.

Потребни состојки:
За корите

200 грама мелени ореви
150 грама мед
250 милилитри сок од портокал
200 грама шеќер
2 кесички ванилин шеќер
300 грама брашно
1 лажица какао
1 прашок за печиво
100 милилитри масло
За филот

750 грама пире од костени
50 грама џем од кајсии
200 грама сечкани ореви
3 лажици рум
За глазурата

200 грама посно чоколадо
1 лажица масло
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите потребни состојки за корите. Во загреана рерна, испечете ја кората на 180 степени, околу 40 минути. Кога ќе се излади кората, поделете ја на три дела.

За филот, измешајте ги пирето од костени, џемот и румот со миксер, па додајте ги сечканите ореви.

Редете ред кора, ред фил, а на врвот, прелијте ја тортата со глазура.