Xiaomi подготвува паметен телефон со 48MP камера

од Vlatko K
91 прегледи

Во последниве месеци Xiaomi започна да прави големи напори за подобрување на квалитетот на
камерите во своите смартфони и напролет дури создаде специјална единица што ќе биде посветена
токму на мобилната фотографија.

Првите резултати од нејзината работа можеби ќе ги видиме наскоро, бидејќи претседателот на
компанија Лин Бин почна да не подготвува за нешто особено. Со публикација во кинеската
социјална мрежа Weibo тој сподели слика на задниот дел на смартфон која покажува натпис „48MP
camera“, заедно со ветување дека премиерата ќе биде во јануари.

Не е исклучено компанијата да го следи примерот на Huawei додавајќи сензор со многу висока
резолуција, која потоа се користи за да обезбеди квалитетни слики со помали димензии. Сличен
сензор, исто така, обезбедува можност за примена на дигитален зум со висок квалитет. Таквите
компоненти беа претставени претходно оваа година од Sony и Samsung.