Руската компанија Yandex го пушти својот прв паметен телефон. Се вика Yandex Phone и ќе се
продава само во Русија во оваа фаза.

Телефонот е опремен со 5,65-инчен дисплеј со резолуција 2160×1080 пиксели, процесор Snapdragon 630, 4GB RAM и 64GB меморија за апликации.
Сопствениците на паметниот телефон, исто така, ќе имаат 3,5 милиметарски џек, како и двојна
главна камера со резолуција од 16 + 5 мегапиксели.
Еден единствен сензор од 5 мегапиксели ќе се грижи за селфи фотките.
Yandex Phone доаѓа со Android 8.1, виртуелниот помошник Yandex именуван „Алиса“, како и сопствени апликации на компанијата за навигација, време и многу повеќе.
Паметниот телефон се продава од 6 декември за 17.990 рубли, што е околу 270 долари.
Премиерата на Yandex Phone е само дел од целокупната стратегија на интернет-гигантот од Русија
за влез во хардверскиот пазар. Компанијата сега нуди голем број други уреди, како што се паметни
мрежи и заеднички проект со Uber.