Прв Телеком Мастерс турнир

од desk4
147 прегледи

Првиот Телеком Мастерс турнир во сениорска конкуренција, воедно предпоследното официјално натпреварување од календарот на ППФМ за 2018 година се одржа во СЦ Форца во Скопје.

 


На турнирот се пријавија 42 натпреварувачи во  маѓка конкуренција и 13 натпреварувачки во конкуренција на жени. На машкиот дел на турнирот од 42 пријавени настапија 38 играчи, додека во женска конкуренција настапија сите пријавени учеснички.
Кај пинг понгарите фаворитот, државниот првак Станојковски според очекувањата го освои првото место, убедливо совладувајќи ги противниците, губејќи само еден сет во финалето од второпласираниот Ѓоко Јочкоски. Пријатно изненадување на турнирот е Битолчанецот Христијан Јовановски кој стигна до полуфиналето каде што беше поразен од победникот Станојковски.

Пласман Мажи
Кристијан Станојковски
Ѓоко Јочкоски
Филип Младеновски, Христијан Јовановски
Резултат финале мажи
Ѓоко Јочкоски – Кристијан Станојковски 1:4 (8:11; 7-11; 8:11; 11:7; 4:11)

Резултати полуфинале мажи
Филип Младеновски – Ѓоко Јочкоски 3:4 (9:11; 10:12; 7:11; 11:8; 11:6; 11:8; 6:11)
Христијан Јовановски – Кристијан Станојковски 0:4 (7:11; 6:11; 7:11; 3:11)
Кај пинг понгарките победничката не беше убедлива како Станојковски, нејзините противнички пружаа посилен отпор.
Победник во женска конкуренција беше Ива Димитријевска која во финалето ја совлада Бојана Михајловска. До полуфинале стигнаа Ана Стојановска и Ана Марија Димитрова.

Пласман Жени
Ива Димитриевска
Бојана Михајловска
Ана Стојановска, Ана Марија Димитрова
Резултат финале жени
Ива Димитриевска – Бојана Михајловска 4:1 (11:8; 5:11; 11:6; 11:7; 11:6)

Резултати полуфинале жени
Ана Стојановска – Ива Димитриевска  1:4 (5:11; 6:11; 10:12; 11:9; 5:11)
Бојана Михајловска – Ана Марија Димитрова 4:0 ( 11:3; 11:2; 11:4; 11:6)

Оваа година ППФМ ја завршува со меѓународниот тирнир САМСУНГ 2018 кој ќе се одржи на 16 Декември во СЦ Форца во Скопје. Турнирот Самсунг воедно е последното официјално натпреварување во оваа година организирано од ППФМ.