Конференција „Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“

од Марта Пешевска
73 прегледи
    „Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“ е темата на 14. меѓународна конференција „Е-општество.мк“ што ќе се одржи денеска во организација на Фондацијата „Метаморфозис“.

На отворањето се најавени обраќања на амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, министрите за информатичко општество и администрација  Дамјан Манчевски, за комуникации, отчетност и транспарентност  Роберт Поповски и на извршната директорка на Фондација Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова Пановска.

Најавени се панел-дискусии на темите: „Слобода на изразување и медиуми – до каде сме?“, „Со медиумска писменост против манипулации и дезинформации“ ,„Како до одговорно и отчетно следење на комуникациите“ и „Преку транспарентност до поголема доверба на граѓаните во институциите“.