За „27 април“ исказ даваат сведоци на одбраната

од desk2
97 прегледи

Со исказ на сведокот Тони Алексовски предложен од одбраната на обвинетиот Душко Лазаров почна денешното рочиште во Кривичниот суд за настаните од 27 април минатата година во Собранието на РМ.

Алексовски бил член на Оперативниот тим чија задача била да помогне во собирање сознанија и да ги следи јавните собири во целата земја и за тоа да го информира надлежниот во Оперативниот штаб. Повремено учествувал и на седниците на Оперативниот штаб, кога во тоа бил спречен Душко Лазаров кој бил член на штабот. Алексовски бил задолжен за одржување ред при јавни собири.

Денеска треба да сведочат и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и Милунка Јованоска, предложени од обвинетиот Горан Ѓошевски Леви, како и пратеникот Зијадин Села кој е предложен како сведок од обвинетиот Абдуљфета Алими.в