Мигрант силувал Босанка

од desk2
157 прегледи

Во Бихаќ, БиХ уапсен е 23-годишен мигрант кој е осомничен дека силувал 18-годишна девојка од овој град.

Се работи за пакистански мигрант и тој ќе биде предаден на обвинителството.

Утврдено е дека девојката без своја согласност имала сексуален однос, а имала повреди и на главата.

Девојката го пријавила случајот во полиција вчера, заедно со својата сестра. Рекла дека пред неколку дена во Бихаќ запознала двајца мигранти кои ја одвеле до непознат станбен објект и дека едниот прво физички ја нападнал, по што и била повредена главата, а потоа ја силувал.