Владиката Пимен сведочи за „27 април“

од desk2
75 прегледи

Со давање исказ на владиката Пимен Илиевски, предложен како сведок од обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен, во Кривичниот суд почна денешното рочиште за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.


На денешното рочиште треба да сведочат и Ивона Опетческа-Татарческа, Методија Илиевски и Томислав Јовановски, сите предложени од обвинетиот Илиевски.

Денеска требаше да сведочи и Сотир Костов, кој бил спречен заради болест, поради што бранителот на Илиевски, адвокатот Сашко Дуковски го повлече сведокот.