Експертите кои подготвија стручен труд за дебатите за уставни амандмани ќе добијат по 20 илјади денари

од desk2
90 прегледи

Експертите кои подготвија стручен труд што го презентираа на јавните дебати организирани за нацрт-амандманите на Уставот ќе добијат хонорар во висина од 20 илјади денари.

За нив, како што денеска беше соопштено на прес-конференција од страна на владините портпароли, се обезбедени средства.

– Владата обезбеди хонорар за експертите кои подготвија стручен труд во рамки на јавните дебати. Износот на тој хонорар е 20 илјади денари. На оние на кои им нарачавме да достават експертиза, односно стручен труд. Тие добија хонорар, а не сите учесници, појасни владиниот портпарол Миле Бошњаковски.