Уапсени двајца Срби на паркингот на Министерството за безбедносни сили на Косово

од desk2
88 прегледи

Две лица од српска националност се уапсени денеска на паркингот на Министерството за бебедносните сили на Косово (ФСК).

Според порталот „Калѕо“, уапсените биле во автомобил со белградски регистерски таблички и тврделе дека го загубиле патот и дека ја бараат зградата на Поштата на Косово, која се наоѓа во тој дел од градот.

Полицијата и ФСК се уште не ја потврдиле или демантирале информацијата.

Утре во Собранието на Косово ќе се гласа за законите со кои ФСК практично се трансформира во војска на Косово, на што остро се спротивставува официјален Белград.