Прогноза за сајбер-заканите во 2019 година направи компанијата за безбедност Trend Micro.

Експертската анализа ги опфаќа пазарите за мобилни уреди, „Интернетот на нештата“, облачните технологии и други критични области.
„Фишинг“ нападите по е-пошта ќе бидат најчеста сајбер-закана за индивидуалните корисници и бизниси.
Се очекува проширување на сите видови на напади преку е-пошта, вкл. со користење на малициозни линкови, атачирани фајлови и насочени напади со погрешни текстуални пораки.
Од 2015 година бројот на фишинг URL-адреси, блокирани од Trend Micro се зголемил за речиси 3.800%.
Во следната година во информацискиот простор се очекува појава на повеќе непознати сајберзакани што ќе ја зајакне потребата од примена на пристапи на повеќе нивоа во сајбер-одбраната.
Корпоративните мрежи треба да бидат сигурно заштитени од нови и постоечки напади, велат
експертите.
Trend Micro предупредува дека можноста за работа на вработените од дома може да стане закана
за безбедноста.
Во позадина на зголемување на популарноста на концептот BYOD (користење на личните уреди за службени цели) компаниите треба да ги преиспитаат операциите за собирање и анализа на податоци за корисниците, својствени на тековните маркетинг модели, бидејќи пробивањето ќе ги чини скапо.
Јавниот сектор се очекува да ја засили борбата против лажните вести во контекст на изборните кампањи.
Во исто време, регулаторниот притисок ќе се зајакне, а приватноста и „Интернет на нештата“ ќе бидат во фокусот на вниманието.
Што се однесува до потрошувачката сфера, нападите со користење на социјален инженеринг ќе ги заменат „експлоитите“.
Се очекува компромитирање на чатботовите.
Познати сметки ќе бидат подложени на напади од типот Watering Hole. Покрај тоа, масовната употреба на украдени податоци
ќе продолжи.
Во облачната инфраструктура, може да се очекуваат големи протекувања на податоци поради неточни безбедносни поставки за време на миграцијата во облак.
Облачните услуги ќе бидат искористени за „копање“ на крипто-валути.
Trend Micro, исто така, предвидува дека во 2019 година, сајбер-криминалците ќе почнат да користат скриени методи за напад.
Се попопуларни ќе бидат насочените напади, вкл. со вештачкаинтелигенција.