Facebook објави дека додава голем број на иновации во интерфејсот на камерата на апликацијата
Messenger. Компанијата додава поддршка и за Boomerang видеата и селфи режимот, кој
автоматски ќе ја замаглува заднината. Не на последно место ќе добиеме поддршка на проширена
реалност, плус можност за поставување на стикери врз сликите и видеата кои г создаваме.

По новата надградба, Facebook Messenger ќе нуди пет различни режими на камерата – нормален,
видео, текст, бумеранг и селфи. Потсетуваме дека ова ажурирање се случува само два месеци по
последниот редизајн, чија главна цел, според Facebook, е да понуди исклучително поедноставен
интерфејс.
Ние, исто така, мораме да додадеме дека Facebook веќе извесно време нуди неколку додатоци со
проширена реалност, но во различни форми.
Facebook вели дека новите подобрувања и надградби ќе бидат достапни за корисниците ширум
светот денес и ќе бидат достапни за двете верзии на Messenger.