ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е најлош министер за внатрешни работи, мора да си оди

од desk2
105 прегледи

Македонија немала полош и понеспособен министер за внатрешни работи. Оливер Спасовски е заинтересиран само за сомнителни набавки, делење на милионски лиценци и целосна партизација на министерството, сметаат од опозициската партија.

„Не поминува месец без вооружена пресметка на улиците во Скопје. Градот стана целосно небезбеден, а Спасовски ги крие срамните статистики за ниската реализација на полицијата на која што и ги врзаа рацете. Вчера 15 минути пред 18 часот од огнено оружје во сред Скопје на фреквентна локација во општина Чаир е рането едно лице, кое со повреди е пренесено во Градската општа болница“, рече Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметата дека тој треба да замине од функцијата.