Едно лице загина, а едно е повредено при вооружен напад во центарот на Виена

од desk2
73 прегледи

Едно лице загина, а едно е повредено при оружен напад во центарот на Виена, соопштија австриските власти.
Полицијата е во потрага по напаѓачот. Инцидентот се случил во ресторан. Претходно полицијата соопшти дека две лица се повредени во нападот.


На местото на нападот веднаш пристигнале медицински екипи и припадници на антитерористичка единица на австриските безбедносни сили. Над центарот на градот прелетува полициски хеликоптер.

Поради вооружениот напад зајакнати се полициските патроли, а повеќето улици се блокирани.

Еден очевидец вели дека двајца лежеле на тротоарот по нападот, а трето лице викало: Брате! Брате! на некој од словенските јазици.