Луѓето над 40-годишна возраст се најпродуктивни кога работат три дена неделно

од desk2
115 прегледи

Луѓето повозрасни од 40 години се најпродуктивни кога работат три дена во неделата, се наведува во ново истражување објавено во „Мелбурн Инститјут Воркинг Пејпер“.

Имено, трудот опфатил 3.000 мажи и 3.500 жени, на кои им биле поставени прашања за нивните работни навики, како и когнитивни задачи. До 25 работни часа тие биле многу успешни во решавање на задачите, а потоа сѐ тоа одело послабо и побавно.

– Работата е меч со две острици. Од една страна го стимулира мозокот, а од друга, долгото работно време може да предизвика стрес, како и да ја ослабне работата на мозокот, смета Колин Меккензи, еден од авторите на истражувањето.

Интересно е и тоа што луѓето кои се веќе во пензија, постигнуваат подобри резултати во умствените тестови, во споредба со луѓе кои работат 55 часа неделно. Стандардното работно време е 40 часа.