Два сандаци со рачни бомби исчезнаа од воен магацин во Црна Гора

од desk2
181 прегледи

Од еден воен магацин, во Мал Брезовик кај Никшиќ, Црна Гора, исчезнаа два сандаци со рачни бомби, пишува „Побједа“.

Не се знае кога точно исчезнало оружјето, а со контрола на сите магацини откриено е дека исчезнале бомби од типот M75.

МИнистерствотот за одбрана покренало истрага, во која, освен воената полиција, вклучени се и полицијата и обвинителството.

Основниот државен обвинител во Никшиќ, Стево Шекариќ, потврди дека кражбата е пријавена пред неколку дена и дека е утврдено дека недостасуваат два сандаци со рачни бомби.