СДСМ: Се намалува цената за пренос на гас, се работи на гасификација

од desk2
111 прегледи

Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции, спроведува мерки што имаат за цел да стават крај на проблемот со загадувањето.

„Интензивно се работи на капиталниот проект за гасификација на државата.
Изработени се основни и идејни проекти за поставување секундарна гасоводна мрежа во неколку градови како Тетово, Охрид, Свети Николе, Прилеп, Кавадарци, а во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип. Се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци и Прилеп до Битола, во должина од 92 километри“ соопштија од СДСМ.

Истовремено, за 12 отсто се намалува цената за пренос на природен гас што значи пониски трошоци за компаниите кои го користат овој енергенс. Намалувањето на цената за пренос на гас позитивно ќе влијае на забрзување на процесот на гасификација на државата и ќе ги мотивира граѓаните да се приклучуваат на гасоводната мрежа, за помали трошоци и почист воздух, додаваат од таму.

За досегашните услови кои ги оценуваат како лоши ја обвинуваат претходната власт.