Едно лице почина во пожарот зад „Рамстор“

од desk2
86 прегледи

Едно лице е почина во пожарот во објектот зад трговскиот центар „Рамстор“ на улицата „Јордан Мијалков“, велат од Министерството за здравство, пишува СДК.

Фото: СДК

Починатото лице е маж кој во моментов кога избил пожарот бил во продавницата за гуми, но и покрај обидите на пожарникарите да го извлечат и спасат, не успеале во тоа.

Противпожарната бригада интервенираше со 8 возила и пожарот е локализиран.

Во пожарот едно лице било полесно повредено и како што велат од Министерството по укажаната помош на Брзата помош било пуштено дома.

Пожарот на улицата Јордан Мијалков изби околу 12 часот. Црн чад се ширеше во центарот на градот поради запалените гуми во објектот.