КОсовскиот премиер Рамуш Харадинај објави на Фејсбук дека „од денеска, границата на Косово кон Албанија не постои“, пренесе Зери.

„Денеска имав чест да присуствувам на потпишувањето на спогодбата за воспоставување на заедниќки гранични точки меѓу Косово и Албанија, по принцип на IBM и нашиот заеднички европски пат“, напиша тој на Фејсбук.
https://www.facebook.com/RamushHaradinajOfficial/posts/1017097588414655
„Од денеска границата од Косово кон Албанија не постои. Ќе имаме една заедничка станица. Работата ќе продолжи и во март влегуваме во втората фаза на потполно укинување на границите меѓу Косово и Албанија, на основа на Шенген“, напиша Харадинај.
Напиша и дека во интерес на Косово и на Албанија е „да го сочуваат и унапредат билатералното партнерство меѓу двете земји“.