Дамовски бил гостин на предновогодишна забава на штипскиот огранок на ВМРО

од desk2
120 прегледи

Борис Дамовски, еден водачите на движењето „За заедничка Македонија“ кој неодамна беше амнестиран врз основа на законот што го донесе парламентарното мнозинство, изминатиов викенд беше гостин на предновогодишен коктел на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Дамовски е фотографиран заедно со членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска и кординаторот на пратеничката група на ДПМНЕ Никола Мицевски, кој доаѓа токму од Штип.

Како што е познато, заедно со Владимир Јовановски и Богдан Илиевски – Бетмен, тој беше амнестиран, додека Игор Дурловски одби да побара амнестија./Fokus