[РЕЦЕПТ] Посни банички со печурки и маслинки

од Vladimir Zorba
958 прегледи

Производи:

1 пакетче готови кори

4-5 големи свежи печурки

3 страка млад кромид

2 чешниња лук

2 домати

неколку маслинки без семка

свежи зачини – магдонос, босилек, мајчина душица и рузмарин

сол

масло

рендан пармезан (опционално)

Подготовка:

Во малку масло запржете лук, кромид и печурки. Потоа додадете сецкани излупени домати, зачинете со сол. По мешањето на течноста од доматите, додадете ги сецканите маслинки и гответе уште 3-4 минути. Откако ќе се отстрани од огнот додадете свежи зачини.

Оставете филот да се олади. Откако корите ќе се отворат, исечете ги на 4 триаголника секоја. Во широкиот дел ставаме 2 лажици од филот, ги превиткуваме краевите и виткаме стегнат ролат, па секое го потопуваме за секунда во сад со вода и редиме во послужавник послана со хартија за печење.

Посипете со неколку капки масло и малку рендан пармезан и печете во рерна загреана до 200 степени до зацрвенување на баничките.