За време на доделувањето на „Златните глобуси“ вчера вечер, не само што беа одличени ѕвездите со награди, туку беа прикажани и првите снимки од очекуваните премиери на HBO, меѓу кои и последната и финална сезона на „Игра на тронови“.
Иако се емитуваа само неколку секунди, сцената од „Игра на тронови“ прикажува како Денерис Таргериан пристигнува во Винтерфел со Џон Сноу. Денерис ја гледаме како е пречекана и зборува со Санса Старк, додека Санса ѝ ја изјавува лојалноста на Винтерфел на Таргаријанската кралица.
Ова не е првиот клип со нови снимки од последната сезона на „Игра на тронови“, но е првиот тизер кој ги прикажува ликовите со акција и текст и ги дава поконкретна најава за тоа што да очекуваме од завршницата на серијалот.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=70&v=Y7vrjkheBt8