[РЕЦЕПТ] Диетални бомбици со јатки

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Производи:
1/2 чаша сурови индиски ореви
1 чаша сурови бадеми
1 чаша урми без семки
½ чаша путер од кикирики
2-3 лажици природно какао
1 лажиче чија семе
малку мед, ако не е многу сладок
5-6 лажици вода (или малку повеќе) за да се врзат со состојките
Подготовка:
Сите состојки се ситнат чекор по чекор во кујнски робот. Од добиената мешавина се формираат бомбици, кои по желба може да се стават во фрижидер неколку минути за да бидат цврсти пред да се консумираат.