Рама:Не сакам институционален конфликт,Мета ја изгуби политичката битка

од desk4
95 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама,по речиси целодневни преписки на социјалните мрежи,со претседателот Илир Мета, синоќа изјави дека не сака институционален конфликт на релација премиер-претседател на држава.

Гостувајќи во емисијата „Слободна зона“ на тиранската телевизија „Клан“ премиерот рече дека претседателот Илир Мета е против знаењето и чистотата, со тоа што не се согласил Гент Цакај да биде министер за надворешни работи.

Рама уште со став дека Мета ја загубил политичката битка и е тука  за да го спроведува Уставот.

-Не сакам институционален конфликт. Во овој случај, го прекинав моето молчење затоа што Мета е ангажиран во криминал против знаењето и чистотата. Криминал против момче кое можеби заслужува предрасуди од јавноста, но не и намерно малтретирање од Илир Мета и не негово користење како месо за отстрел против претседателот на Косово и премиерот на Албанија. Со подигнување вулгарни и антиалбански теории дека кој мисли поинаку е национална опасност,е непрпфатлпво-изјави Рама.

Тој посочи дека Илир Мета го прекршил Уставот со Сандер Леши,кога не ја потпишувал уредбата за назначување за министер за внатрешн работи,како  и со непотпшувањето на други закони.

-Мета ја изгуби политичката битка. Ги изгуби изборите и е тука претседател за да го гарантира уставот и националното единство. Не е таму за да дава мислења. Нас не не нтересира што мисли претседателот за даноците,-рече Рама .

На прашањето зошто не го разрешува Мета од претседателската функција,Рама одговори дека за тоа е потребно апсолутно мнозинство во Парлементот.Додаде дека претходникот на Мета, Бујар Нишани, заслужува почит токму поради Илир Мета.

-Без оглед на тоа што беше партиска личност не стигна онаму каде што стигна Мета,- оцени Рама,обвинувајќи го дека сеуште се однесува како лидер на Социјалистичкото движење за интеграција(ЛСИ).