Во Бугарија запленет хероин во вредност од 2,8 милиони евра

од desk2
89 прегледи

Во голема акција на бугарската полиција спроведена во реоните на градовите Хасково и Благоевград, запленети се 47 килограми хероин и 13 килограми амфетамин.

Вредноста на заплентиот хероин на нарко пазарот се проценува на околу 2,8 милиони евра.

Како што соопшти локалниот јавен обвинител на Хасково, Иван Стојанов, при акцијата се уапсени седум лица, под обвинение за шверц и пуштање во промет на наркотици.

Истрагата утврдила дека заплентиот хероин во Бугарија бил прошверцуван со камион од Турција.