ВМРО-ДПМНЕ: Со Договорот од Преспа се менува и македонскиот идентитет

од desk2
96 прегледи

Писмото на Димтров до грчкото Министерство за надворешни работи, уште еднаш потврдува дека со Договорот од Преспа не само што се менува уставното име туку се менува и македонскиот идентитет, се брише и јазикот, историјата и културата. Со други зборови Заев и Димитров се откажаа од се што е македонско, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.


„Законот за јазици, промената на уставното име не беше дел од програмата на СДСМ, но беа дел од концесиите на Заев. Македонската држава е заложник на хипотеките на Зоран Заев, хипотеки и концесии дадени со единствена цел доаѓање на власт иако мнозинството македонските граѓани не му ја дадоа довербата“, се додава во соопштението.