Откриените 624 вакцини, на чии кутии беа аплицирани декларации со истечен рок, ќе бидат уништени. Од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД за „Независен весник“ велат дека испратиле барање до компанијата увозник и дистрибутер на вакцината МРП, „Македонија лек“, тоа да го стори во рок од три дена. Уште дефинитивно не е одлучено колкава казна ќе следува за „Македонија лек“ за направениот пропуст, меѓутоа се разгледува можноста таа да изнесува 50.000 евра.

„Во рок од три дена треба да бидат уништени вакцините. Пуштивме наредба до „Македонија лек“ да ги уништат, а тие треба да ни достават изјава дека се однесени во ‘Дрисла’. Станува збор за 624 вакцини на кои имаше погрешни декларации со истечен рок иако вакцините имаат важност. Уште не сме одлучиле колкава ќе биде казната за компанијата увозник на вакцините МРП, „Македонија лек“. Околу тоа прашање во тек се состаноци, разгледуваме казната за компанијата да биде максимална, најверојатно 50.000 евра, меѓутоа со точна информација ќе излеземе в петок“, велат од Агенцијата./Nezaisen
Целиот текст прочитајте го ТУКА