„Нема да дозволиме на никого да фрли дамка или сенка врз изборите, да ја наруши изборната атмосфера според неговата желба и да клевети против турската политика и турската демократија“, рече Сојлу.
Сојлу имаше свое обраќање на изборниот состанок за регионална безбедност во Измир.
Сојлу потсети дека на претходните состаноци се сретнал со надлежните во другите региони во Турција, и дека слични состаноци одржале и по повод референдумот на 16 април 2017 година и парламентарните избори од 24 јуни 2018 година.
„Што и да се случи, изборната порака се формира според резултатот на изборите и според волјата на народот“, рече Сојлу, додавајќи дека секои избори имаат своја порака, и дека некои избори упатуваат пораки за измени
„Нема да дозволиме на никого да фрли дамка или сенка врз изборите, да ја наруши изборната атмосфера според неговата желба и да клевети против турската политика и турската демократија“, рече Сојлу.
– Изборите не се одржуваат во дигитална средина
Меѓу другото, Сојлу истакна дека во последните години, откако компјутерските системи биле вклучени во процесот, се вложува напор за клевета.
„Изборите во Турција не се одржуваат во дигитална средина, ниту гласањето ниту броењето на гласовите не е дигитално. Затоа тврдењата околу тоа дека некои влијаат врз резултатите за време на броењето на гласовите со некој компјутерски софтвер или со некои кликнувања се без основа“, нагласи Сојлу.
Локалните избори во Турција ќе се одржат на 31 март 2019 година.