Во лавина на Брезовица загина заменик-министер во косовската влада

од Марта Пешевска
73 прегледи

Заменик-министерот за дијаспора и стратешки инвестиции на Косово, Аријан Даци загина во лавина кај Брезовица.

  

Несреќата се случила во близина на ски-центарот „Брезовица“.

Смртта на Даци, кој е син на некогашниот претседател на косовскиот Парламент Неџад Даџи, ја потврдија и претставници на Владата во Приштина.