Палачинките подготвени на поинаков начин ќе ве остават без текст.

Мал е бројот на луѓето кои не сакаат палачинки. Со цел да уживате повеќе во нив , но без грижа на совест, ви претставуваме рецепт од поздравата верзија на палачинки во кој белото пченично брашно можете да се замените со овесно брашно.
Состојќи:
2 големи банани
2 големи јајца
200 гр овесно брашно
1 лажичка шеќер
Неколку лажички лимонов сок
Прстофат сол
Подготовка:
Излупете ги бананите, исечете ги и испасирајте. Додадете ги шеќерот, солта, јајцата и сокот од лимон, а потоа со рака или со миксер соединете ја смесата.
Потоа ставете го и овесното брашно. Ако имате блендер, можете да го искористите за да ја направите смесата. Сите состојки ставете ги во уредот и „изблендирајте“. Смесата веднаш е подготвена за печење. Со помала или поголема кутлача, земете од смесата и ставете ја во загреано тавче.
Уживајте!