Демонстрантите во Франција остануваат без раце и без очи (Видео)

од desk2
138 прегледи

Француските власти се под притисок поради неретко бруталниот одговор на полицијата, на често насилните демонстрации на Жолтите елеци.

Се почести се инцидентите во кои демонстрантите се тешко повредени поради полицискиото оружје, кое иако не користи боева муниција, предизвикува тешки повреди, на очите, главата и рацете.

Се работи за специјализираниот рачен фрлач на „флеш-топки“, кој испалува гумени проектири, наведува Index.hr.

Ова контровернзо оружје ретко се користи во други европски земји, но француската полиција наголемо го користи во сузбивање на насилствата на Жолтите елеци, кои со демнстрации почнаа во ноември минатата година.

Инцидентот во кој еден од водечките припадници на Жолтите елеци Жером Родригез во саботата е погоден со ова оружје, поради што, како што тврди неговиот адвокат, ќе остане инвалид до крајот на животот, е само последен во низата.

Најмалце 17 луѓе поради ова полициско оружје го изгубиле окото на протести.

Најмалку тројца ја изгубиле ракта, а на други лицето или екстремитетите им се повредени.

До вакви повреди дошло кај демонстранти во Париз, но и во други градови како Бордо и Нант. Во Марсеј на почетокот на декември 80-годишна жена почина откако беше погодена со заталкан гумен куршум и тоа во својот дом.

Затоа, пренесе Гаридјан, денеска францускиот државен совет ќе одлучува по итното барање на француската Лига за човекови права и синдикатот ЦГТ овој флач да се забрани.