Македонец крвнички претепал Македонец во Будва

од desk2
113 прегледи

Македонец крвнички претепал Македонец во Будва Судот во Котор му одреди едномесечен притвор на македонскиот државјанин З.Д. (50) поради сомневање дека вчеравечер крвнички претепал свој сонародник во Будва. Според црногорските весници, инцидентот се случил околу 19 часот во населбата Велји Виногради, каде З.Д. со метална шипка го нападнал својот цимер – исто така, македонски државјанин.


„Од силината на ударот, претепаниот маж паднал на асфалтот. Затекнат е како лежи во локви крв на улица, по што му е укажана лекарска помош. Констатирани му се тешки повреди на главата. Полицијата успеа да го пронајде и уапси напаѓачот“, пишуваат медиумите во Подгорица.