Пред неколку дена Huawei откри дека на мобилниот конгрес на крајот на месецов планира да го претстави својот прв смартфон со флексибилен дисплеј кој ќе работи со чипсетот Kirin 980 и новиот 5G модем Balong 5000.

Компанијата продолжува да не подготвува за тоа со тизер во Twitter, кој го покажува профилот на уред на преклопување со голем екран и натпис Connecting the future (поврзување на иднината).
Сликата доволно елоквентно покажува и дека компанијата одлучила да се потпре на друг пристап во конструкцијата – во собрана состојба, дисплејот се наоѓа на двете надворешни страни на уредот.
Веќе видовме дека кај уредот Samsung ќе биде обратно – дисплејот ќе се склопува навнатре.
Натписот Connecting the future најверојатно е навестување за 5G и јасна потврда дека смартфонот
ќе има такви можности.