Фитнес робот се грижи за здравјето на миленичињата (ВИДЕО)

од Vlatko K
130 прегледи

Паметен робот се грижи за фитнесот на домашните миленици и ги забавува додека нивните сопственици не се дома. По успешен „краудфандинг“, девелоперот на паметниот уред започна кампања во Indiegogo InDemand за да го пушти роботот во масовно производство.


Околу 50,2 милиони кучиња и 56,5 милиони мачки се над нормалната тежина, според податоците на Американската асоцијација за производи за домашни миленици (APPA).

Домашните миленици, кои имаат преголема тежина, се изложени на зголемен ризик за развој на сериозни болести поврзани со тежината, како дијабетес, артритис, висок крвен притисок, болести на бубрезите, рак и др.

VARRAM, компанија од Лос Анџелес, Калифорнија, има развиено фитнес робот за миленичиња, кој е способен да се справи со проблемот со дебелината.

Паметниот уред може да им помогне на сопствениците на кучиња и мачки да се грижат за нив додека се далеку од дома со планирање на активности и наградување на животните.

Меѓу посебните карактеристики на VARRAM Pet Fitness Robot се можноста за интеракција со пријатели кои имаат слични миленичиња, функции за рачно контролирање на уредот и за персонални активности преку програмирање.

Со придружната мобилна апликација за iOS и Android, сопствениците на миленичиња можат да управуваат со времето на играње и спиење, како и да ги контролираат рутинските активности.

Иновативниот фитнес робот за миленичиња е направен од стандарден поликарбонат и располага со софистицирани сензори за позиционирање, кои му овозможуваат да се снаоѓа во секој простор и да работи до 10 часа.

Развивачот на уредот има 10 години искуство во роботиката.

Компанијата нагласува дека роботот е сосема безбеден, има форма која им се допаѓа на домашните миленичиња, и истовремено е доволно стабилен за да издржи џвакање и гризење.

Сопствениците на домашни миленичиња кои го поддржуваат проектот во Indiegogo, може да имаат
корист од 28% попуст од цената за да им обезбедат на кучињата и мачките среќен и здрав живот.

VARRAM Pet Fitness Robot чини 99 долари, а испораките се очекуваат од февруари годинава.