Одржување на предвремени парламентарни избори, во овој политички момент не и се потребни, одлучи Централниот одбор на НСДП денеска во Скопје на редовна седница.

„НСДП смета дека решавањето на повеќедеценскиот проблем со името и отворањето на евро-атланските перспективи пред државата поставува агенда која бара надминување на партиските и уважување на државните интереси. НСДП е на ставот дека реформите кои ЕУ ги очекува од нас како држава да ги испорачаме, за во јуни годинава да добиеме одлука за почеток на преговори, не дозволува дефокусирање на политичката енергија и блокирање на институциите на системот со брз парламентарен изборен циклус.“, се вели во партиското соопштение.
Во однос на претстојните редовни претседателски избори, на денешната седница на Централниот одбор беше оценето дека владејачката коалција треба да излезе со единствен кадндат кој ќе ја добие довербата не само на политичките партии кои се дел од неа, туку со својот интегритет и јасни евро-атлански ставови ќе демонстрира капацитети да ги обедини граѓаните независно од нивната политичка, етничка или религиозна припадност.