СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и најавеното членство во НАТО и ЕУ

од desk2
114 прегледи

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО, сметаат од владејачката СДСМ.

Порачуваат дека Македонија седнува на своето столче во НАТО, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ знае дека ги чека пораз на избори, знаат дека немаат поддршка кај граѓаните, освен деструкција и блокади не нудат ништо добро за државата и нејзините граѓани. Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини“, додаваат од партијата.