Алонсо кон Мик Шумахер: Научи да одиш пред да почнеш да трчаш

од Vlatko K
100 прегледи

Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо му даде на Мик Шумахер совет за време на свое
интервју за италијанското издание „Corriere della Sera“. 19-годишниот пилот го носи презимето на
најуспешниот Ф1 тркач на сите времиња, што го става токму под рефлекторите.


Алонсо е еден од ретките пилоти кои го победиле Михаел Шумахер во неговиот најсилен период, и
затоа беше побарано да коментира развојот на неговиот син – Мик.

„Презимето на Шумахер и неговата историја тежи и би било многу тешко Мик да се натпреварува со
тоа име. Имам еден совет до него а тоа е да се научи да оди пред да почне да трча“, прокоментира
Алонсо.

Оваа година, Мик ќе ја вози својата прва кампања во Формула 2, откако ја освои титулата во
Формула 3 во 2018 година. Пилотот исто така стана дел од Академијата за млади возачи на Ферари.
Исто така, тој на повеќе наврати се поврзува со место во Формула 1.

Слични содржини