Крем супа од моркови

од desk2
1,3K прегледи

Оваа супа е неодолива како по својот изглед така и по својот вкус …

Потребно е:
3 лажици маслиново масло
1 главица кромид
1 црвена пиперка
600 г моркови
2 чешниња лук
1 лажиче изрендан свеж ѓумбир
1/2 лажиче издробен коријандер
1 коцка за зеленчукова супа
200 мл пасирани домати (свежи или од конзерва)
сол, бибер

Подготовка:
– На загреано масло додадете ги сецканиот кромид и пиперката исецкана на коцки и кратко пропржете ги.

– Додадете ги морковите исецкани на тркалца, изгмечениот лук, ѓумбирот, коријандерот, коцката за супа и додадете вода да се покријат сите состојки.

– Варете на тивко додека не омекне зеленчукот (околу 20-тина минути). Потоа тргнете ја од рингла и со рачен миксер убаво изблендирајте ја.

– Додадете ги испасираните домати и уште малку вода, по потреба. Вратете го садот на рингла и оставете ја супата да почне да врие. Додадете сол и бибер по вкус.

– Супата сипете ја во чинии и во секоја чинија додадете по една лажица кисела павлака, неколку капки масло од тиква и посипете со сецкан власец.