Сообраќајки, илегалци и фалсификатори…

од Марта Пешевска
98 прегледи
МВР Билтен

Скопје, 10 февруари 2019 (МИА) – На 09.02.2019 година во 04.30 часот било пријавено дека во Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ патничко моторно возило „Киа спортаж“ со кочански регистерски таблици, управувано од О.Е.(35) од Кочани, излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот А.В.(20) од Кочани, а другите сопатници во возилото, С.Г.(40), М.Л.(20) и Ј.А.(21) сите од Кочани, се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 09.02.2019 година во 09.15 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р.Македонија, по извршена пасошка контрола на З.К. (25) од Албанија констатирано е дека патната исправа е фалсификувана. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

На 09.02.2019 година во 11,50 часот во с.Ранковце-Крива Паланка, од страна на полицисни службеници бил затекнат, а потоа и приведен во Полициското одделение Ранковце, А.М.(52) од Корча-Р.Албанија поради сторен прекршок по чл.9 ст.1 од Законот за гранична контрола (илегален влез во Р.Македонија). Во 12,30 часот лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 09.02.2019 година во 14,10 часот во Полициската станица Демир Хисар од страна на лекар од Итна медицинска помош-Демир Хисар било пријавено дека кај нив лекарска помош побарало лицето А.М.(80) од с.Сопотница која била касната од куче-скитник во пределот на десната нога.